• понеделник, 23 декември 2024

Макрон: Не е исклучено испраќањето копнени сили во Украина доколку Москва ја пробие линијата на фронтот и тоа го побара Киев

Макрон: Не е исклучено испраќањето копнени сили во Украина доколку Москва ја пробие линијата на фронтот и тоа го побара Киев

Париз, 2 мај 2024 (МИА) - Францускиот претседател Емануел Макрон повторно не ја исклучи можноста за испраќање на западни воени сили во Украина.

Во денеска објавеното интервју во британски „Економист“, Макрон изјави дека мораме „да го поставиме ова прашање доколку Москва ја пробие првата линија на фронтот и доколку Киев тоа го побара“, пренесуваат француските медиуми.

-Доколку Русите ги пробијат линиите на фронтот и доколку пристигне барање од Украина - што не е случај денес - мораме легитимно да се запрашаме, изјави францускиот претседател за британскиот неделник.

„Да се ​​исклучи тоа прашање априори значи дека не ја научивме лекцијата од изминатите две години, кога земјите од НАТО првично ја отфрлија можноста за испраќање тенкови и авиони во Украина пред конечно да се премислат“, додаде францускиот лидер. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан