• недела, 22 декември 2024

Макрон до Нетанјаху: Убиството на Синвар е можност за нови преговори за Газа

Макрон до Нетанјаху: Убиството на Синвар е можност за нови преговори за Газа

Париз, 21 октомври 2024 (МИА) - Францускиот претседател Емануел Макрон во телефонски разговор му рече на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека убиството на лидерот на Хамас, Јахја Синвар, го гледа како можност за нови преговори за прекин на огнот во Газа, соопшти кабинетот на Макрон.

Францускиот претседател, чија влада во последните неколку недели е во затегнати односи со Израел, ги повтори претходните повици за прекин на огнот во Либан и Газа. Исто така, ги осуди акциите на израелската војска против силите на ОН во Либан. Израел негираше дека намерно ги таргетира мировните сили на југот на Либан додека трае копнената офанзива.

Макрон, исто така, изрази солидарност со Нетанјаху поради неодамнешниот инцидент со дрон што беше лансиран кон неговата куќа, соопшти претседателскиот кабинет.

Кабинетот на Нетанјаху не коментираше за повикот на Макрон. ссм/

фото: архива

Остани поврзан