• четврток, 19 декември 2024

Макрон: Абортусот е основно женско право

Макрон: Абортусот е основно женско право
Париз, 24 јуни 2022 (МИА) - Францускиот претседател Емануел Макрон смета дека абортусот е основно право на жените, откако Врховниот суд на САД ја поништи пресудата од 1973 година со која се легализираше абортусот низ Соединетите Американски Држави. „Абортусот е основно право на сите жени. Мораме да го заштитиме. Сакам да ја изразам мојата солидарност со сите жени чии слободи денеска беа доведени во прашање од Врховниот суд на САД“, напиша Макрон на Твитер. Врховниот суд на САД денеска ја поништи 50-годишната пресуда со која се легализираше абортусот во целата земја, поради што милиони жени ќе го изгубат законското право на абортус.

Американскиот претседател Џо Бајден по повод одлуката на американскиот Врховен суд за абортусот изјави дека „ова е тажен ден за земјата“ и вети дека ќе направи се што е во негова моќ за да ги заштити правата на жените.

„Одлуката на Врховниот суд буквално ја врати Америка 150 години наназад бидејќи ги постави државните закони од 1800-те кои го криминализираат абортусот како објаснување“, рече Бајден во обраќањето во Белата куќа. паг/

 

Остани поврзан