• понеделник, 18 ноември 2024

Македонците во Стеблево, Голо Брдо го одбележаа Ѓурѓовден и го означија почетокот на туристичката сезона

Македонците во Стеблево, Голо Брдо го одбележаа Ѓурѓовден и го означија почетокот на туристичката сезона

Дебар, 7 мај 2023 (МИА) - Македонците во село Стеблево, област Голо Брдо, по традиција во присуство и на жители од соседните села, го  одбележаа празникот Свети Великомаченик Георгиј, познат како Ѓурѓовден.

Според поновата традиција со одбележувањето на Ѓурѓовден се означува почетокот на туристичката сезона.

Порано со одбележувањето на Ѓурѓовден се означувал крајот на студениот зимски и почетокот на сончевиот летен период.

Во последната повеќе од деценија, празникот се одбележува под мотото „Празник на цвеќето“ со што се означува почетокот на туристичката сезона во Стеблево, подрачје кое е дел од Националниот парк Шебеник-Јабланица, на границата со Северна Македонија.

По укинувањето на општината Стеблево, која опфаќа 12 села со над 1.000 жители, сега е админстративна единица и потпаѓа под општина Либражд. Областа Голо Брдо опфаќа 22 села главно населени со Македонци, а е поделена во три административни единици, Стеблево, Острени и Требиште. Областа располага со многу природни убавини, поради што станува се попосетена.

Според жителите на областа, доколку се реализира ветувањето преминот Џепиште-Требиште, кај Дебар да функционира 24 часа тогаш бројот на туристите ќе биде многу поголем.

Овој граничен премин е за локален граничен сообраќај и работи од 8 до 20 часот во летниот период и од 8 до 18 часот во зимскиот период. Преминот е наменет пред се за жителите во пограничните зони на двете држави. вт/фф/

Фото: МИА

Остани поврзан