• понеделник, 23 декември 2024

Македонците во Ербеле, Албанија го одбележаа празникот Преображение Господово

Македонците во Ербеле, Албанија го одбележаа празникот Преображение Господово

Дебар, 19 август 2023 (МИА) - Денешниот голем христијански празник, Преображение Господово, кој е патрон на селската црква, го одбележаа Македонците од селото Ербеле, област Поле или Долни Дебар, кое се наоѓа во близина на албанско-македонската граница кај Дебар.

По традиција присуствуваа верници и соседните села, како и оние по потекло од овој крај, а сега живеат во Северна Македонија, во други градови во Албанија и во западноевропските земји. 

Жителите од поширокиот крај од двете страни на границата, независно од верската припадност веруваат дека црквата има исцелителна моќ.

-По број сме се помалку, но традицијата не ја забораваме. Во црквата доаѓаме спроти прзникот, значи синоќа, а одбележувањето го продолживме денеска. По традиција и верување, ноќта спроти празникот, во оваа црква доаѓале не само православни туку и муслимани. Ноќта ја минувале во овој божји храм и се молат за излекување од разни болести, зашто црквата има исцелителна моќ. Голем број луѓе тука го нашле лекот за својата болест, вели жител на селото.

Црвата „Свето Преображение“ датира од 12 век а во 1970 година, со одлука на албанските власти, е прогласена за споменик на културата.

Во октомври 2018 година Бигорски манастир и подари 12 икони на црквата. вт/вг/


Фото: МИА

Остани поврзан