• сабота, 06 декември 2025

Македонско научно друштво-Битола со научен собир одбележа 1140 од смртта на Свети Методиј

Македонско научно друштво-Битола со научен собир одбележа 1140 од смртта на Свети Методиј

Битола, 24 мај 2025 (МИА) - Денот на сесловенските просветители, Македонско научно друштво-Битола го одбележа со научен собир посветен на 1140 години од смртта на Свети Методиј.

На научниот собир во Битола се разгледуваа историските, лингвистичките и културолошките аспекти на делото на Св. Методиј, а свои научни излагања имаа доцент д-р Анита Ангелевска, проф. д-р Валентина Гулевска и м-р Иле Велков.

-Научниот собир не беше само почит кон Св. Методиј, туку и сведоштво за потребата од континуирана научна работа и меѓусебна размена на знаење столбови врз кои се гради иднината на академска сцена. Со овој настан нашето Друштво го одбележа и денот на Сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, истакна проф. д-р Даниела Андоновска Трајковска, претседателка на МНД-Битола.

Научниот собир во Битола, Македонско научно друштво го одржа во соработка со невладината организација Културал Конекшн од Битола.мт/фф/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан