• недела, 22 декември 2024

Македонското и украинското знаме се веат на зградата на МНР во чест на Денот на независноста на Украина

Македонското и украинското знаме се веат на зградата на МНР во чест на Денот на независноста на Украина
Скопје, 24 август 2022 (МИА) - Македонското и украинското знаме се веат на зградата на Министерството за надворешни работи во чест на Денот на независноста на Украина, објави на страницата на Фејсбук шефот на дипломатијата Бујар Османи. - Соодветно на одлуката за совесно енергетско однесување и заштеда на електрична енергија, наместо осветлување на фасадата, денес го поставивме украинското знаме на зградата на министерството.
Османи наведува дека ова е симболичен начин да укажеме солидарност и почит за храброста на украинскиот народ со која ја бранат слободата и споделените демократски вредности.
-Честит Ден на независноста!, додава Османи на Фејсбук. нд/сст/

Остани поврзан