Македонско-полски бизнис-форум
- На бизнис-форумот ќе се обратат претседателите Стево Пендаровски и Анджеј Дуда, по што ќе биде потпишан Меморандум за разбирање меѓу организаторот на настанот Агенцијата за странски инвестици
Скопје, 19 ноември 2021 (МИА) - Во рамките на посетата на претседателот на Полска, Анджеј Дуда, на земјава денеска ќе биде одржан македонско-полски бизнис-форум на коj претставници на компании од двете земји ќе ги разгледуваат можностите за интензивирање на економската соработка.
На бизнис-форумот ќе се обратат претседателите Стево Пендаровски и Анджеј Дуда, по што ќе биде потпишан Меморандум за разбирање меѓу организаторот на настанот Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Северна Македонија и полската Агенција за инвестиции и трговија.
Потписи на Меморандумот ќе стават директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Дејан Павлески и Кржиштоф Пржулуцки, директор на Агенцијата за инвестиции и трговија на Полска.
Целта на форумот е подобрување и зајакнување на соработката на компаниите од двете земји за што присутните ќе имаат можност по завршувањето на официјалниот дел за Б2Б-средби, вмрежување и презентации. мд/са/