• петок, 22 ноември 2024

Македонски државјанин пронајден починат во Бујановац

Македонски државјанин пронајден починат во Бујановац

Дебар, 20 јануари 2023 (МИА) - Безживотно тело на македонски државјанин е пронајдено во изнајмен стан во Бујановац, Србија, потврдуваат од Вишото јавно обвинителство од Врање.

Според албанските медиуми станува збор за 30-годишен скопјанец.

-Полицијата во Бујановац го известила Вишото јавно обвинителство Врање дека во Бујановац е пронајдено безживотно тело. По извршениот увид од страна на увидна екипа на Полициска станица Бујановац, во присуство на судски вештак, констатирано е дека се работи за А.Р.(30) од Скопје“.

Од страна соодветна екипа извршен е увид при што е констатирано дека „нема траги кои покажуваат дека смртта е предизвикана од насилство“. вт/аа/

Остани поврзан