• петок, 22 ноември 2024

Македонските шахисти се искачија на 25. место по шест кола на Олимпијадата во Унгарија

Македонските шахисти се искачија на 25. место по шест кола на Олимпијадата во Унгарија

Будимпешта, 18 септември 2024 (МИА) – Македонската шаховска репрезентација забележа убедлива победа со 4:0 над Хонг Конг во 6. коло на Олимпијадата во Будимпешта.

По вчерашниот убедлив триумф, Македонија има биланс од четири победи и два пораза и се наоѓа на високото 25. место во конкуренција на 197 држави.

Следен противник на македонската репрезентација е Швајцарија.

На женскиот турнир од Олимпијадата, македонската репрезентација е 83-то пласирана. Нашиет шахистки во следното коло ќе се соочат со репрезентативкиет на Тринидад и Тобаго. 

Во двете конкуренции лидер на на табелите се репрезентативците на Индија со максимални шест победи. зс/

Фото: ШФМ

Остани поврзан