Македонските футсалци во силна група во евроквалификациите
- Македонската сениорска репрезентација во футсал ќе игра против актуелниот европски првак Португалија, Холандија и Андора во квалификациите за пласман на ЕУРО2026, одлучи УЕФА денеска со жрепка
Нион, 30 мај 2024 (МИА) – Македонската сениорска репрезентација во футсал ќе игра против актуелниот европски првак Португалија, Холандија и Андора во квалификациите за пласман на ЕУРО2026, одлучи УЕФА денеска со жрепка
Вкупно 40 репрезентации се поделени во десет квалификациски групи, а жрепката ги смести македонските футсалци со бранителот на титулата во групата 7.
Квалификациите ќе се играат од декември 2024 до април 2025 година.
Летонија и Литванија како организатори на ЕУРО2026 обезбедија директен пласман, а ќе им се приклучат десетте победници на групите, додека осумте најдобро второпласирани репрезентации ќе играат плеј-оф во септември идната година. ег ФОТО: ФФМ