• понеделник, 25 ноември 2024

Македонските фудбалерки до 19 години ја победија Албанија

Македонските фудбалерки до 19 години ја победија Албанија
Банско, 9 јуни 2021 (МИА) – Македонската фудбалска репрезентација за фудбалерки до 19 години забележаа минимална победа со 1:0 против Албанија во првиот натпревар од меѓународниот турнир „Bansko Pirin Womens Cup“. Избраничките на селекторот Астрит Мерко до победата на вчерашниот дуел дојдоа со голот на Оливера Чоклеска во 13 минута. Вториот натпревар од овој турнир „црвено-жолтите“ ќе го играат против домаќинот, селекцијата на Бугарија на 14 јуни. зс/

Остани поврзан