• вторник, 26 ноември 2024

Македонските фудбалери испишаа историја, обезбедија учество на ЕУРО 2020

Македонските фудбалери испишаа историја, обезбедија учество на ЕУРО 2020
Тбилиси, 12 ноември 2020 (МИА) – Македонската фудбалска репрезентација за прв пат во својата историја обезбеди учество на едно големо натпреварување. Предводени од капитенот Горан Пандев, “црвено-жолтите“ вечерва во Тбилиси, во баражот за Европското првенство 2020, ја совладаа Грузија со 1:0. Стрелец на победничкиот гол беше Пандев во 56. минута по одличната акција во која учествуваа и Елиф Елмас и Илија Несторовски. Како што најавија, сите играчи кои добија шанса од селекторот Игор Ангеловски, го дадоа својот максимум, бескомпромисно влегуваа во дуелите со физички силните Грузијци и на крајот заслужено беа наградени со пласман на континенталното натпреварување. На евро-шампионатот, одложен поради коронавирусот од оваа за следната, 2021 година, македонскиот национален тим ќе игра во Ц-групата со селекциите на Холандија, Украина и Австрија. зс/ https://www.youtube.com/watch?v=OJzicvBa4hk

Остани поврзан