• петок, 22 ноември 2024

Македонските фудбалери до 18 години на тест против Унгарија во Ѓер

Македонските фудбалери до 18 години на тест против Унгарија во Ѓер
Скопје, 12 септември 2021 (МИА) - Македонската фудбалска репрезентација до 18 години ќе одигра два контролни натпревара против соодветната селекција на Унгарија. Селекцијата која ја предводи Неџат Шабани ќе гостува во Ѓер на 14 септември со почеток во 17 часот и два дена подоцна мечот во 11 часот. Шабани за претстојните контролни дуели со Унгарија ги повика следните фудбалери: Голмани: Васко Василев (Црвена Звезда, Србија), Наум Ангелов (Њу Старс); Одбрана: Марко Ристов (Работнички), Максим Милошевски (Македонија Ѓ.П.), Борјан Попоски (Работнички), Енис Буќи (Македонија Ѓ.П.), Давид Љушев (Работнички), Никола Павлевски (Македонија Ѓ.П.), Арбнор Мурати (Дуисбург, Германија); Среден ред: Давид Дебрешлиовски (Победа), Марко Софијаноски (Њу Старс), Матеј Ангелов (Работнички), Матеј Ѓорѓиев (Брегалница Штип), Хамза Меметриза (Шкендија), Аџе Кадриу (Македонија Ѓ.П.), Игор Јаневски (Силекс); Напад: Марко Треневски (Њу Старс), Бесар Гуџуфи (ФК Бешикташ), Ерион Шуку (Слога Виница). зс/

Остани поврзан