• вторник, 05 ноември 2024

Македонските фудбалери ги стартуваа подготовките за дуелите со Фарски Острови и Ерменија

Македонските фудбалери ги стартуваа подготовките за дуелите со Фарски Острови и Ерменија

 

Скопје, 2 септември 2024 (МИА) – Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Скопје ги почна подготовките за претстојните натпревари против Фарски Острови и Ерменија со кои ќе ја отвори новата сезона во Лигата на нации на УЕФА.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски в сабота на гостински терен играат против Фарски Острови по што на 10 септември во Скопје ќе ја пречекаат Ерменија во рамки на групата Ц4 во која за противник ќе ја имаат и Летонија.

„Целта за нас е да го освоиме првото место во групата. Влегуваме како фаворити против Фарски Острови, но секој натпревар е тежок. Треба да се приспособиме и на временските услови и теренот, но треба да бидеме позитивни и да го дадеме најдоброто за националниот тим“, изјави репрезентативецот Димитар Митровски на стартот на мини подготовките во тренинг комплексот на ФФМ

Дуелот против Фарски Острови е на програмата од 15 часот во Торшавн. ег ФОТО: ФФМ

Остани поврзан