• недела, 17 ноември 2024

Македонските тенисерки подобри и од првиот носител Финска

Македонските тенисерки подобри и од  првиот носител Финска

Скопје, 21 јуни 2023 (МИА) – Македонската женска тениска репрезентација ја забележа и третата победа во рамки на Третата европска зона во Били Џин Кинг купот, откако попладнево во Скопје триумфираше над првиот носител Финска со 2-1.

Финска стекна почетна предност со триумфот на Лаура Хиетаранта над Магдалена Стоилковска со 2-0 во сетови (6-1, 6-2) за еден час и пет минути игра, по што најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа донесе израмнување на резултатот совладувајќи ја Анастасија Куликова со 2-1 во сетови (2-6, 6-2, 6-4) за што и беа потребни два часа и 14 минути.

Голема победа над фаворитот донесе натпреварот во двојки во кој македонскиот дубл Ѓорческа/ Стоилковска со 2-0 во сетови (6-4,6-1) беа поуспешни од Куликова/Хиетаранта. 

По три одиграни кола, македонската репрезентација води на табелата во групата Б пред утрешниот дуел со Исланд.ег/бт/

ФОТО: ТФМ

Остани поврзан