• понеделник, 23 декември 2024

Македонските ракометарки останаа без четвртфинале на Светското јуниорско првенство

Македонските ракометарки останаа без четвртфинале на Светското јуниорско првенство
Скопје, 5 август 2022 (МИА) – Македонската женска ракометна репрезентација до 18 години не успеа да се пласира во четвртфиналето на Светското јуниорско првенство што се одржува во Скопје, откако вечерва во завршниот натпревар од групната фаза загуби од Исланд со 25-22 (13-10). Македонските ракометарки постојано беа во резултатска негатива која во првото полувреме достигна највисоки шест голови (12-6), но „црвено – жолтите“ не се предадоа и во второто полувреме во неколку наврати му се приближија на противникот на само гол негатива. Водството на Исланд се стопи на само плус еден гол (20-19) на средина од вториот дел, но тогаш уследи серија на противникот од 4-0 и недостижно водство до крајот на дуелот за избраничките на селекторот Љупчо Савевски. Бојана Коцева со шест голови беше најефикасна во македонскиот состав. Со овој пораз, женската ракометна репрезентација до 18 години заврши на третото место во групата 1 со ист број бодови како второпласираната Шведска, но со послаба гол-разлика што на крајот беше пресудно во битката за место во четвртфиналето. ег/бак/

Остани поврзан