• понеделник, 04 ноември 2024

Македонските ракометарки одиграа нерешено со Португалија на младинското СП

Македонските ракометарки одиграа нерешено со Португалија на младинското СП

 

Скопје, 24 јуни 2024 (МИА) – Македонската женска ракометна репрезентација до 20 години испушти шанса со победа да ја почна главната фаза на Светското првенство кое се одржува во Скопје, откако попладнево одигра нерешено 28-28 против Португалија во рамки на групата 4.

Во неизвесен натпревар, македонските ракометарки влегоа во самата завршница на натпреварот со високи плус три 28-25, но не успеаја да ја зачуваат предноста, дозволвајќи му на противникот со серија од 3-0 да избегне пораз.

На табелата води Португалија со три бодови од два натпревари, пред Исланд со два бода од еден натпревар.

Избраничките на селекторот Јанев се третопласирани со еден бод, а Црна гора е на последното место без бодови.

Во следното коло, утре од 20:15 часот, македонските ракометарки ќе играат против Црна Гора. ег ФОТО: РФМ

Остани поврзан