• сабота, 23 ноември 2024

Македонските ракометари со триумф над Швајцарија го прославија пласманот на ЕП

Македонските ракометари со триумф над Швајцарија го прославија пласманот на ЕП
Скопје, 2 мај 2021 (МИА) – Македонската ракометна репрезентација вечерва во Скопје ја совлада Швајцарија со 29:28 во последното коло од квалификациите за Европското првенство. Иако Македонците и пред натпреварот го имаа обезбедено учеството на евро-шампионатот, одиграа без калкулации и на крајот заслужено се радуваа. „Црвено-жолтите“ до победата ги предводеа селекторот Кирил Лазаров и Филип Кузмановски со по шест гола, како и голманот Никола Митревски со 15 одбрани. На другиот меч од 6. коло во седмата група, Данска ја победи Финска 46:24. Македонскиот национален тим го обезбеди своето седмо учество на континенталните ракометни собири каде од групата ќе патуваат и Данците. Европското првенство ќе се игра во јануари следната година во Словачка и во Унгарија. зс/

Остани поврзан