• недела, 22 декември 2024

Македонските одбојкари со пораз од Јапонија го почнаа 47. издание на турнирот „Чајка“

Македонските одбојкари со пораз од Јапонија го почнаа 47. издание на турнирот „Чајка“

Скопје, 18 август 2023 (МИА) – Македонската одбојкарска репрезентација вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје загуби од Јапонија со 0:3 (20:25, 18:25 и 20:25) во 1. коло на 47-то издание на меморијалниот одбојкарски турнир „Чајка“.

 

„Црвено-жолтите“ беа немоќни да ја разбијат јапонската одбрана и како што рече по натпреварот капитенот Никола Ѓоргиев, „очигледно не ни одговара нивната игра“. Токму селекцијата на Јапонија изминатиот период спарингуваше со македонската репрезентација и забележа три победи во контролните средби.

 

На првиот денешен натпревар на „Чајка“, Египет ја победи Грција со 3:1.

 

Македонската репрезентација утревечер од 20:15 часот ќе игра со Египет, додека во терминот 17:30 ќе се соочат Јапонија и Грција. зс/

 

 

Остани поврзан