• петок, 22 ноември 2024

Македонските одбојкари остана без финале во Сребрената лига

Македонските одбојкари остана без финале во Сребрената лига
Будимпешта, 18 јуни 2022 (МИА) – Македонската одбојкарска репрезентација попладнево во Будимпешта загуби од Финска со 3:1 во првиот натпревар од полуфиналето на Европската сребрена лига. Финците го добија првиот сет со 25:22, Македонците возвратија во вториот со 25:20. Следуваше пад во играта на „црвено-жолтите“ и убедливи 25:18 и 25:16 за нордиските одбојкари за конечна победа и пласман во финалето. Во второто полуфинале вечерва од 19 часот играат домаќинот на завршниот турнир Унгарија и Романија. Победникот утре ќе се бори за трофејот, додека поразениот ќе игра со македонската селекција во мечот за третото место. зс/

Остани поврзан