• недела, 07 јули 2024

Македонските млади пингпонгари со забележителни резултати на меѓународни турнири

Македонските млади пингпонгари со забележителни резултати на меѓународни турнири
Скопје, 16 август 2021 (МИА) - Пред официјалниот почеток на новата натпреварувачка сезона македонските пингпонгарски репрезентативци од младинските категории учествуваат на меѓународни тренинг кампови и турнири. На турнирот во Опатија, Хрватска учествуваа јуниорката Ана Стојановска од Крива Паланка и кадетката Софија Хасану од Крушево. Во конкуренција на натпреварувачи од Хрватска, Словачка, Србија и Македонија, Хасану го освои второто место. Стојановска и Хасану дополнително ќе учествуваат на подготовки заедно со хрватската јуниорска и сениорска репрезентација и репрезентативниот состав на една од германските покраини. На меѓународниот турнир во Ардино, Бугарија, учествуваа поголемиот дел од репрезентативците во јуниорска и кадетска конкуренција. Борис Секулов од ППК Астраион Струмца го освои второто место. Машката кадетска репрезентација екипно исто така го освои второто место. Солиден настап имале и нашите репрезентативки од младинските категории. Инаку, поголем број на играчи учествуваа на тренинг камп во Власина во Србија, а исто така дел од нив планираат да учествуваат на кампот во Крупањ во Србија. зс/

Остани поврзан