• четврток, 02 мај 2024

Македонските кошаркари во група со Естонија, Чешка и Израел за настап на Олимпијадата во Париз 

Македонските кошаркари во група со Естонија, Чешка и Израел за настап на Олимпијадата во Париз 

Манила, 1 мај 2023 (МИА) - Македонската машка кошаркарска репрезентација денеска со жрепка во главниот град на Филипини, Манила, ги дозна противниците со кои ќе се соочи во претквалификациите за пласман на Летните олимписките игри (ЛОИ) кои идната година ќе се одржат во Париз.

Македонските кошаркарите патот за дебитантски настап на ЛОИ ќе ги стартуваат против Естонија, Чешка и Израел во рамки на претквалификациската група А.

ФИБА одлучи претквалификацискиот турнир да се одржи од 12 до 20 август во естонската престолнина Талин. ег/сп/

Фото: КФСМ

Остани поврзан