• недела, 24 ноември 2024

Македонскиот тим се пласираше на 107. место на светскиот натпревар по роботика „FIRST Global Challenge 2024“ во Атина

Македонскиот тим се пласираше на 107. место на светскиот натпревар по роботика „FIRST Global Challenge 2024“ во Атина

Атина, 29 септември 2024 (МИА) – На 107 позиција, од 193 земји, тимот од Северна Македонија го заврши учеството на светскиот натпревар по роботика „FIRST Global Challenge“ во Атина што започна во четвртокот и заврши попладнево, јави дописничката на МИА од Атина.

Средношколците, оваа година заедно со нивните роботи имаа задача да најдат одржливи решенија преку инженерството и роботиката за глобалните проблеми меѓу кои и справување со кризата со храна.

Најголем број поени доби тимот на Казахстан, а веднаш потоа и учениците од Обединетите Арапски Емирати и од Кина.

Учениците Димитриј Митковски, Елени Трпковска, Давид Маневски, од средното училиште „Георги Димитров“, ученикот Тимотеј Николовски од „Михајло Пупин“ и Марко Јанкуловски од средното училиште „Јахја Кемал“, беа дел од македонскиот тим и за нив ова беше нивно прво учество на конкретниот светски натпревар, а беа предводени од двајцата ментори, кои веќе имаат искуство од претходните години.

На „FIRST Global Challenge“ учествуваа со „Експлозивниот ајвар“, како што е името што му го дале на роботот, а генерално се задоволни од настапот во изминатите три дена.

Грција за првпат беше домаќин на роботската Олимпијада, а грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис вчера го посети стадионот „Мир и пријателство“, каде што се одржуваат натпреварите, а на учениците им порача дека натпреварот не е само да се изработи најдобриот робот или да се победи, „туку е средба со други луѓе, градење пријателства и разбирање на вредноста на соработката и почитта“.

Со „Експлозивниот ајвар“, како што е името што му го дале на роботот, петмина средношколци од Северна Македонија и нивните двајца ментори ќе учествуваат на светскиот натпревар по роботика „FI

„FIRST Global Challenge“ започна со свечено отворање во четвртокот на историскиот антички олимписки стадион „Панатенаик“ во центарот на Атина, каде што се одржаа и првите модерни Олимписките игри. ср/лв/

Фото: МИА

Остани поврзан