• петок, 22 ноември 2024

Македонскиот дипломатски синдикат со поддршка за барањата на студентите

Македонскиот дипломатски синдикат со поддршка за барањата на студентите
Скопје, 15 ноември 2022 (МИА) - Македонскиот дипломатски синдикат денеска преку соопштение даде, како што се наведува, силна поддршка на студентите во борбата за зачувување на нивниот животнен стандард и достоинство. -Недозволиво е на грбот на една од најранливите категории да се спроведува штедење на исхрана, греење и хигиена. Се работи за наши деца, наши синови и ќерки, но и наши идни колешки и колеги. Зарем треба да поминат низ пекол на сиромаштија и понижувања за да станат академски граѓани? Студентските денови треба да останат во нивната меморија како најубав период во животот, период на стекнување нови знаења, нови пријателства и подготовка за идниот професионален живот, а не како мрачен период на изгладнување, смрзнување и нечистотија, се наведува во соопштението од Македонскиот дипломатски синдикат. Жално е, се додава, кога ќе погледнеме какви се студентските домови низ регионот и низ Европа, кои најчесто се користат преку лето и како хотели, а какви се нашите. -МДС ги охрабрува студентите да продолжат со своите најлегитимни можни барања за хумани услови за живот и достоинство, стои во соопштението од Извршниот одбор на Македонскиот Дипломатски синдикат. вг/са/      

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан