• вторник, 13 јануари 2026

Македонска Каменица прогласи тридневна жалост поради смртта на сограѓанка

Македонска Каменица прогласи тридневна жалост поради смртта на сограѓанка

Македонска Каменица, 29 декември 2025 (МИА) - Советот на Oпштина Македонска Каменица на денешната четвртата седница донесе Одлука за прогласување тридневна жалост на подрачјето на општината, поради смртта на сограѓанката Симона Каранфиловска.

Со одлуката, деновите 30 и 31 декември 2025 година, како и 1 јануари 2026 година, се прогласуваат за денови на жалост. Во овој период ќе бидат одложени сите настани од забавен карактер организирани по повод новогодишните празници.

Како што е предвидено, државните знамиња пред јавните институции на територијата на општината ќе бидат спуштени на половина копје, во знак на почит и сочувство.

Одлуката стапува во сила со денот на нејзиното донесување, а ќе биде објавена во „Службен гласник на општина Македонска Каменица“.

Од Советот на општината упатија сочувство до семејството и најблиските на починатата. вс/фф/

Фото: МИА Архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан