• петок, 05 декември 2025

Македонска Каменица: Делумен напредок во гаснењето на пожарот кај селата Косевица и Моштица

Македонска Каменица: Делумен напредок во гаснењето на пожарот кај селата Косевица и Моштица

Македонска Каменица, 29 јули 2025 (МИА) - Во текот на изминатата ноќ во кабинетот на градоначалникот на Македонска Каменица се одржа состанок на Општинскиот кризен штаб, на кој беа донесени оперативни насоки за утринско делување на терен во справувањето со шумскиот пожар.  

До Центарот за управување со кризи како што информираше денеска градоначaлникот на Македонска Каменица, Димчо Атанасовски упатено е барање за ангажирање воздушна поддршка, лесна механизација и вклучување на припадници на Армијата.  

-Гаснењето започна во раните утрински часови, при што пожарот е делумно ставен под контрола на повеќето критични точки во маалата Горанци и Караџевци во село Косевица, како и на подрачјето на село Моштица, информира Атанасовски.

Во интервенцијата се вклучени 30 припадници на Армијата на Република Македонија, Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Македонска Каменица, вработени од ЈП „Национални шуми“, ЈП „Камена Река“, како и претставници на Полициското одделение, Шумската и Граничната полиција.  

Надлежните екипи остануваат на терен сè до целосно неутрализирање на пожарот. вс/


Фото: Димчо Атанасовски, градоначалник на Македонска Каменица

Остани поврзан