• четврток, 19 декември 2024

Македонска државјанка спасена од давење во албанското одморалиште Шенѓин

Македонска државјанка спасена од давење во албанското одморалиште Шенѓин
Тирана, 4 јули 2021 (МИА) - Повозрасна македонска државјанка е спасена од давење во познатиот албански пристаншен град Шенѓин, каде била на одмор. - Станува збор за 70-годишна жена од Северна Македонија, која кога почнала да се дави, на помош и притекнале капачи кои биле во нејзина близина. Ја извадиле на брегот, по што веднаш била пренесена за потребна лекарска помош во болницата во Лежа. Причините не се познати, пренесува Ора њуз. Според истиот извор, македонските, заедно со косовските туристи се најбројни на плажите долж албанското крајбрежје. Поголем процент одмараат во Шенѓин, поради богатата борова шума и климата која е идентична со онаа во црногоското одморалиште Улцињ. Друга македонска туристка, пак, била ограбена во Валона. - Припадниците на полицијата од Комесаријатот во Валона го уапсија лицето И.Б. (34), жител на градот, за кој постојат основи на сомнение дека ограбил македонска државјанка. Додека таа се движела на улица во населбата „Студена вода“ во Валона, тој и ја грабнал чантата во која таа имала лични работи, се наведува полициското соопштение. вт/сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан