Македонската репрезентација во 3Х3 загуби од Чешка во четвртфиналето од квалификациите за ЕП
- Македонските баскетџии попладнево во Братислава загубија од Чешка со 21:18 и не успеаја да се пласираат во полуфиналето на квалификациите за Европското првенство.
Братислава, 11 јуни 2023 (МИА) – Македонските баскетџии попладнево во Братислава загубија од Чешка со 21:18 и не успеаја да се пласираат во полуфиналето на квалификациите за Европското првенство.
Ервин Цого постигна 11 поени и беше најефикасен играч на натпреварот но тоа не беше доволно нашата репрезентација да го избегне поразот.
Во првото четвртфинале Франција со убедливи 22:10 славеше победа над домаќинот Словачка.
Останатите четвртфинални двојки во машка конкуренција, се:
Австрија – Грција (почеток 15:40 часот и
Полска – Босна и Херцеговина (16:05 часот). зс/