• понеделник, 23 декември 2024

Македонската и украинска писателка Мешкова лауреат на Меѓународната литературно-уметничка награда „Пантелејмон Кулиш”

Македонската и украинска писателка Мешкова лауреат на Меѓународната литературно-уметничка награда „Пантелејмон Кулиш”
Скопје, 9 февруари 2022 (МИА) - Лауреат на Меѓународната литературно-уметничка награда „Пантелејмон Кулиш” за 2022 година е Вера Чорниј-Мешкова, македонска и украинска писателка и преведувачка. Наградата ја врачува Меѓународната академија за книжевност и уметност на Украина за значајниот придонес на Чорниј-Мешкова во украинската книжевност и нејзината популаризација во светот. Добитници на оваа престижна награда во изминатите години меѓу другите се и литературниот критичар и директор на Институтот за литература на НАН на Украина, Микола Жулинскиј, потоа поетот, преведувач и публицист Казимеж Бурнат од Полска, арапскиот писател и преведувач Абделвахаб Азави и други. свс/бак/

Остани поврзан