Македонија посилна за Манџуков во одбојкарските евроквалификации
- Средниот блокер Филип Маџунков ќе му биде на располагање на селекторот Јошко Миленкоски за претстојните квалификациски дуели на македонската одбојкарска репрезентација против Грција и Грузија за пласман на Европското првенство 2026.
Скопје, 11 јули 2025 (МИА) – Средниот блокер Филип Маџунков ќе му биде на располагање на селекторот Јошко Миленкоски за претстојните квалификациски дуели на македонската одбојкарска репрезентација против Грција и Грузија за пласман на Европското првенство 2026.
Миленкоски денеска го објави списокот со 16 одбојкари на кои се најде и Манџуков, а кои треба да се појават на 17 јули на стартот на подготовките во Маврово.
Маџунков ја пропушти првата летна акција на репрезентацијата поради интервенција на коленото, но по успешната санација на проблемот и процесот на рехабилитација се враќа во игра.
Македонскиот селектор не направи никакви промени во списокот и одбојкарите, кои ги имаше на располагање за настапот во Европската Златна лига 2025, се негов избор и за евро-квалификациите.
Репрезентативците од редовите на шампионот Струмица 47&72, како и освојувачот на Купот, Штип УГД, заедно со интернационалците – браќата Ѓоргиеви, Љафтов, Савовски, Костиќ, Илиев и Ефремов ќе го понесат товарот во дуелите со Грција и Грузија, преку кои Македонија ќе се обиде да го обезбеди својот четврти настап на континентален собир во низа. ег
ФОТО: ОФМ