• петок, 05 декември 2025

Македонија го освои шестото место на Балканскиот шампионат

Македонија го освои шестото место на Балканскиот шампионат

Бања Лука, 13.јули 2025 (МИА) - Машката одбојкарска репрезентација на Македонија до 19 години го заврши настапот на БВА Балканскиот шампионат на шестото место. Во денешниот натпревар за пласман на 5.место Црна Гора оствари победа од 3:1 во сетови (25:17; 20:25; 25:19 и 25:22). 

Кадетите имаа многу добро претставување на Балканијадата на која запишаа две победи над БиХ со 3:1 во групата фаза и над Грција со 3:2 во разигрувањето за пласман. 

Македонија загуби од Романија 3:2 по голема борба, како и од Турција 3:0 во групата, додека од Црна Гора поразот беше во разигрувањето.    мн/

Фото: Фејсбук Одбојкарска федерација Македонија

Остани поврзан