• понеделник, 23 декември 2024

МАЕИ: Фоте Никола беше столб на македонската заедница, неговите дела и заложби ќе бидат инспирација за сите генерации

МАЕИ: Фоте Никола беше столб на македонската заедница, неговите дела и заложби ќе бидат инспирација за сите генерации

Дебар, 12 февруари 2024 (МИА) – По смртта на еден од најголемите активисти и борци за правата на Македонците во Албанија, Фоте Никола, телеграма со сочувство до семејството испрати, македонска партија, Македонска партија за европска интеграција, МАЕИ, во која изразува длабоко жалење за смртта за овој исклучителен човек и вреден борец за правата на Македонците во Албанија.

-Во името на сите членови и симпатизери на Македонска алијанса за европска интеграција, Ви изразуваме најдлабоко сочувство и поддршка во овие тешки моменти. Фоте беше столб на македонската заедница, човек чија посветеност, упорност и храброст оставија неизбришливи траги во борбата за правата и идентитетот на Македонците во Албанија. Неговите дела и заложби ќе продолжат да бидат инспирација за сите нас и за идните генерации, стои во телеграмата.

Ве уверуваме, се наведува понатаму, дека споменот на Фоте ќе остане вечен во нашите срца и во историјата на Македонците во Албанија.

-Неговата борба и достигнувања никогаш нема да бидат заборавени. Дозволете уште еднаш да изразиме искрено сочувство и поддршка во овие тешки времиња. Нека му е вечна слава, наведува МАЕИ во телегрмата потпишана од лидерот Васил Стерјовски.

Телеграма со сочувство до семејството на Фоте Никола испрати и Македонското друштво „Илинден“- Тирана.

- Бевме заедно во различни активности за Македонците во Албанија. Ќе те паметиме како голем борец за Македонците во Република Албанија,за кои твојата смрт претставува голема загуба. Искрено сочувство до неговото семејство, роднините и пријателите, стои во телеграмата потпишана од претседателот Никола Ѓурѓај.

На 78-годишна возраст, синоќа во Тирана почина Фоте Никола, родум од село Шулин, област Мала Преспа. Ќе биде погребан денеска во Корча. вт/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан