МАЕИ : Нека духот на Свети Климент не води кон поголеми достигнувања и просперитетна иднина за сите Македонци
- Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, упатува најискрени честитки до сите Македонци ширум светот по повод 8 – Декември, Денот на Свети Климент Охридски.
Дебар, 8 декември 2024 (МИА) - Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, упатува најискрени честитки до сите Македонци ширум светот по повод 8 – Декември, Денот на Свети Климент Охридски.
-Нека ни е честит и вековит празникот на Свети Климент, нашиот духовен патрон и заштитник. Неговото дело како првиот словенски епископ и основоположник на Охридската книжевна школа е светилник на нашата историја и култура. Со гордост го чествуваме неговото наследство, кое и денес инспирира генерации да ја негуваат македонската култура, јазик и традиција, стои во честитката.
Се додава дека ликот и делото на Свети Климент Охридски се симбол на издржливоста, мудроста и силата на македонскиот дух.
-Како ученик на светите браќа Кирил и Методиј, неговиот придонес кон образованието и духовниот развој е непроценлив. Нека неговиот дух продолжи да нè води кон единство, успеси и светла иднина за сите Македонци, се посакува во честитката потпишана од Васил Стерјовски, претседател на МАЕИ. вт/дма/
Фото: Лого