• вторник, 13 јануари 2026

МАЕИ и „Ротари клуб“ од Битола со новогодишни подароци за децата во Општина Пустец

МАЕИ и „Ротари клуб“ од Битола со новогодишни подароци за децата во Општина Пустец

Дебар, 30 декември 2025 (МИА) - Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), во соработка со „Ротари клуб“ од Битола, и годинава донесе новогодишна радост и насмевки на лицата на најмладите жители во Општина Пустец.

Советникот во Советот на Општина Пустец, од редовите на МАЕИ, Јордан Јанкула, денеска им подели новогодишни подароци на децата од градинките и на учениците од деветолетката „Отпорот на Горичените“ во село Долна Горица, во кое настава следат учениците од четирите села: Горна Горица, Долна Горица, Глобочани и Туминец.

-Подароците за најмалите се обезбедени во рамки на успешната и континуирана соработка помеѓу МАЕИ и „Ротари клуб“ од Битола, со заедничка цел, поддршка на децата и создавање подобри услови за нивен развој и радосно детство, изјави Јанкула.

Најголемата награда за нас, додаде тој, се радоста и насмевките на децата.

- Нивната искрена радост ни е потврда дека ваквите хуманитарни активности имаат вистинска вредност и значење, посочи Јордан Јанкула. вт/дма/


Фото: МАЕИ

Остани поврзан