• вторник, 05 ноември 2024

Мадона обвинета за копирање на Ким Кардашијан

Мадона обвинета за копирање на Ким Кардашијан
Лос Анџелес, 9 август 2021 (МИА) - Американската пејачка Мадона ги налути своите следбеници објавувајќи фотографија на Инстаграм, која речиси очигледно е „фотошопирана“. Тоа беше повод за непристојни споредби со старлетата Ким Кардашијан. „Мадона Кардашијан?“, „Престани да ја имитираш Ким. Дали заборави дека си Мадона?", „Не треба да ги обработувате вашите слики со ’Фотошоп‘, тоа е смешно!" „Што се случи со вистинската Мадна?“ - беа дел од коментарите. Во „скандалозниот“ самослик, пејачката гледа во камерата, облечена во розова проѕирнa маица преку која се гледа нејзината долна облека. А горе, како „да нема образи“ - буквално триаголно лице, но важно, со изразени, бујни усни. Следачите и обожавателите веднаш се поделија на „за“ и „против“ самосликот, но на повеќето не им се допадна изменетиот изглед на русокосата поп-ѕвезда. Ја обвинија дека претерала со пластичните хируршки зафати или дека ја обработувала сликата со „Фотошоп“.  си/сд/

Остани поврзан