• недела, 07 јули 2024

Мадона поради здравствени проблеми ја одложи најавената турнеја

Мадона поради здравствени проблеми ја одложи најавената турнеја

Њујорк, 29 јуни 2023 (МИА) - Поп-ѕвездата Мадона деновиве била итно згрижена в болница и сместена на интензивна нега откако во саботата паднала во бессознание.

Како што објави „Пејџсикс“, таа викендов била пренесена во болница во Њујорк. Таа сега е будна и заздравува, а со неа цело време била нејзината ќерка Лурдес Леон.

Долгогодишниот менаџер на Мадона, Гај Озирис подели на Инстаграм дека поп-иконата  „развила сериозна бактериска инфекција“ што довело до потреба од неколкудневна интензивна нега.

Инаку, Мадона на почетокот на оваа година најави дека ќе ја почне својата светска турнеја „Celebration“ во чест на 40-годишнината на нејзината музичка кариера. Низата од 84 концерти се очекуваше да почне на 15 јули во „Роџерс арена“ во Ванкувер, Канада, но нејзиниот менаџер објави дека турнејата е одложена поради стравувања за здравјето на американската поп-пејачка. си/ми/

Фото: Инстаграм.

Остани поврзан