• понеделник, 20 мај 2024

Магла со видливост до 50 метри на патниот правец Тетово - Попова Шапка

Магла со видливост до 50 метри на патниот правец Тетово - Попова Шапка

Скопје, 29 јануари 2023 (МИА) - Магла со видливост од 40 до 50 метри има на патниот правец Тетово - Попова Шапка, соопштија вечерва од Авто-мото сојузот на Македонија. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

- Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, се наведува во соопштението.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата.

- Особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово - Велес, Маврово - Дебар - Струга, Виница - Берово и Кочани - Делчево, се нагласува во соопштението. бд/вг/

Остани поврзан