• понеделник, 12 јануари 2026

Магла на премините Стража-Маврово и Крушево

Магла на премините Стража-Маврово и Крушево

Скопје, 25 декември 2025 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Намалена видливост поради магла до 100 метри има на планинските премини Стража-Маврово и Крушево, информира диспечерскиот центар на ЈП „Македонијапат“.

На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот. лв/дма/

фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан