• вторник, 13 јануари 2026

Приведено лицето кое го оштети стаклото на влезната врата на Бугарската амбасада

Приведено лицето кое го оштети стаклото на влезната врата на Бугарската амбасада

Скопје, 12 јануари 2026 (МИА) - Министерството за внатрешни работи соопшти дека е приведено лицето кое го скрши стаклото на влезната врата на Бугарската амбасада во Скопје. Станува збор за 54-годишниот Ш.А. 

- Денеска (12.01.2026) во 12:40 часот на ул. „Кирил и Методиј“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар го лишија од слобода Ш.А.(54) од Скопје, затоа што вчера (11.01.2026) го оштети стаклото на влезната врата на амбасадата на Република Бугарија во Скопје. Веднаш по добиената пријава, беа преземени мерки и активности за пронаоѓање на сторителот и расчистување на случајот и Ш.А. е лишен од слобода, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информира МВР.

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски денеска изјави дека се работи за изолиран случај и дека надлежните институции експресно работат на расветлување на целиот случај. бак/вг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан