• петок, 22 ноември 2024

Маврово и Ростуше бара онлајн настава, поради алармантната состојба со Ковид-19

Маврово и Ростуше бара онлајн настава, поради алармантната состојба со Ковид-19
Дебар, 28 август 2021 (МИА) - Кризнот штаб на општина Маврово и Ростуше поради алармантата состојба со Ковид-19 на нејзиното подрачје, побара од надлежните наставата во сите училишта во општината да се одвива онлајн, во траење од еден месец. Во барањето доставено до Министерството за образовение и наука, Кризниот штаб на Владата на РСМ, до Комисијата за заразни болести и Министертвото за здравство, се наведува дека Кризниот штаб го доставува ова барање откако одговорните од Здравствениот дом „Русе Бошковски“ ја презентирале моментната состојба со Ковид-19 дека е вон контрола. -Врз основа на презентраните податоци, моментната состојба се оценува како алармантна, односно дека состојбата е вон контрола, вирусот е распространет во сите населени места на територијата на општината. Во моментот има над 500 активни случаи, но нивната бројка е многу повисока, бидејќи многу заразени кои иако се активни не се јавуваат на преглед во почетна фаза, стои во образложението на барањето. Се оценува дека за една мала општина, како што е Маврово и Ростуше, оваа бројка е „навистина драматична“, која со физичкото присуство на настава може да добие уште позагрижувачки размери. -Поради вака настанатата состојба бараме да се донесе одлука за следење на олјан настава во траење од еден месец за сите ученици од четирите основни и средното општинско училиште. На тој начин сметаме дека ширењето на вирусот ќе биде намалено, односно состојбата може да се следи и стави под конрола од страна на здравствените работници, стои во барањето на Кризниот штаб, потпишано од градоначалникот Медат Куртовски, кој во исто време раководи со штабот. вт/вг/

Остани поврзан