• сабота, 23 ноември 2024

ЛШ во ракомет: Очекуван пораз на Еурофарм Пелистер на гостувањето во Кил

ЛШ во ракомет: Очекуван пораз на Еурофарм Пелистер на гостувањето во Кил

 

Кил, 22 февруари 2024 (МИА) – Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер го претрпе 12. пораз во Лигата на шампиони, откако вечерва загуби на гостински терен од лидерот во групата А, Кил, со 29-23 (19-10) во рамки на 12 коло.

Германскиот претставник уште од самиот почеток на дуелот тргна максимално мотивирано против последно пласираниот тим во групата и по воведните 10. минути Кил имаше предност од високи 10-4.

Кил во неколку наврати во текот на натпреварот доаѓаше и до двоцифрена предност, последен пат на стартот на вториот дел од 22-12.

Од тој момент уследи серија на Еурофарм Пелистер од пет голови за подобрување на крајниот впечаток и поднослив пораз со шест голови разлика против големиот фаворит.

Богдан Радивојевиќ со шест голови беше најефикасен во редовите на Еурофарм Пелистер, а голманот Урбан Лесјак запиша 12 интервенции.

Македонскиот првак на 28. овој месец во Битола го пречекува Алборг, а настапот во Лигата на шампиони ќе го заврши со гостување кај Колштад на 6 март.

Кил води на табелата во групата А со 18 бодови, додека Еурофарм Пелистер е на последното место без освоен бод. ег ФОТО: РК Еурофарм Пелистер/Фејсбук

Остани поврзан