• петок, 22 ноември 2024

Луѓето кои имаат сестри се посреќни

Луѓето кои имаат сестри се посреќни
Лос Анџелес, 21 февруари 2020 (МИА) - Луѓето кои имаат сестри се поотворени и попристапни за комуникација и за нив не е проблем да ги споделат своите чувства. Тие исто така се пооптимистични и посреќни, посочуваат новите истражувања. Научниците од Универзитетот Де Монфорт во Лестер, Англија, и северноирскиот Универзитет Улстер анкетирале повеќе од 570 лица на возраст меѓу 17 и 25 години. Ним им беа поставени психолошки прашања на различни теми, меѓу кои и за психичкото здравје. Еден од раководителите на истражувањето, професор Тони Касиди смета дека сестрите како индивидуи честопати го сплотуваат семејството, а пак, браќата имаат спротивен ефект. - Ова се должи на фактот дека мажите имаат природна тенденција да не зборуваат за одредени лични работи, додека жените го охрабруваат тоа. Резултатите се, секако - подобро психичко здравје и посреќен живот, додава проф. Касиди. си/гт/

Остани поврзан