• понеделник, 23 декември 2024

Лула: Државите во развој да најдат алтернатива за доларот

Лула: Државите во развој да најдат алтернатива за доларот

Пекинг, 14 април 2023 (МИА) - Претседателот на Бразил, Луис Инасио Лула да Силва, кој е во четиридневна посета на Кина, вчера изјави дека државите во развој треба да најдат алтернатива за доларот.

- Потребна ни е валута, која може на земјите да им обезбеди поголема стабилност, бидејќи денес тие трчаат по доларот за да можат да извезуваат, а можат да извезуваат во сопствената валута, истакна Лула.

Тој, на четиридневната посета на Кина, што почна на 12 април, Лула присуствуваше на инаугурацијата на поранешната бразилска претседателка Дилма Русеф како директорка Новата банка за развој (НДБ) основана од Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка, познати како земји на БРИКС.

Лула наведе дека НДБ, со седиште во Шангај, има голем потенцијал „бидејќи ги ослободува земјите во развој од потчинување на традиционалните финансиски институции, кои сакаат да управуваат со нив“.

Тој истакна дека НДБ може да им помогне на земјите во развој да станат помалку зависни од доларот и да ја финансираат трговијата во локални валути.

За денеска е предвидено Лула да се сретне со Лула со кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг при што ќе се разговара за трговијата, инвестициите, реиндустријализацијата, енергетската транзиција, климатските промени и мировните договори.

Бразилската Влада соопшти дека двете земји се очекува да потпишат најмалку 20 билатерални договори.

Бразилско-кинеската трговија изминатата деценија бележи раст, за минатата година да достигна 150,4 милијарди долари. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан