• понеделник, 23 декември 2024

Луксузна викендичка близу Витсанд Беј, Англија

Луксузна викендичка близу Витсанд Беј, Англија
Плајмут, 21 јануари 2020 (МИА) - Британците Трејси Гилпин и Питер Буриџ од трошна колиба (со поглед на заливот Витсанд Беј, Англија) направија одлично прибежиште од секојдневието. - Живееме во близина, во Плајмут. Витсанд Беј отсекогаш ни било омилено место. Плажата е прекрасна. Првично куќарката ни изгледаше прескапа, но сфативме дека може да си ја дозволиме ако ја изнајмуваме. Имаше многу недостатоци, па само ја урнавме и направивме нова, раскажува Трејси. Куќичката била стара 60 години, но поради совршената местоположба, чинела 220.000 фунти. За новиот објект, двојката вложила уште 220.000 фунти и така добиле луксузна викендичка за изнајмување, што чини 3.150 фунти седмично. Новата куќа има спална соба, бања, туш, кујна, дневна соба и голема лизгачка врата, што овозможуваат поглед во распон од 180 степени. Надвор се наоѓаат џакузи и туш. - Објектот е наменет за двојки и е за приватна употреба. Има многу стакла, така што погледот е извонреден. Ова е моето омилено место, и би минувал повеќе време овде, но мораме да го изнајмуваме низ целата година наредниве неколку години, истакна Питер. си/

Остани поврзан