• петок, 22 ноември 2024

Лукаревска: Со победа ќе ја потврдиме исправноста на нашите политики

Лукаревска: Со победа ќе ја потврдиме исправноста на нашите политики
Скопје, 29 септември 2021 (МИА) - Коалицијата предводена од СДСМ вечерва ја претстави кандидатката за градоначалник на Старо Нагоричане, Жаклина Јовановска и советничката листа предводена од Бобан Цветановски.
Заменик-претседателката на СДСМ Сања Лукаревска рече дека на изборите одат со проверени и докажани кадри, луѓе одговорни кон општината и кон семејните вредности.
- На 17 октомври одиме во нова победа, со проверени и докажани кандидати. Во Старо Нагоричане ја имаме нашата Жаклина Јовановска, актуелната и идната градоначалничка и советничка листа со почитувани и енергични луѓе, предводена од Бобан Цветановски. Со победата ќе ја потврдиме исправноста на нашите политики и ќе ги продолжиме проектите за побрз развој на општините, за порамномерен развој на државата, за подобар живот за сите граѓани, за градење на концептот „Едно општество за сите, истакна Лукаревска.
Додаде дека СДСМ трпеливо го гради концептот „Едно општество за сите“ со кој сите граѓани се поеднакво значајни за државата.
- Владата предводена од СДСМ инвестираше 1.8 милиони евра во 20 км патна инфраструктура во општина Старо Нагоричане. Обезбедивме 850 илјади евра за развој на локалната патна мрежа од грант од Светската банка за периодот од 2021 до 2024 година. Инвестиравме во комуналната инфраструктура за реконструкција на два водоводи и набавка на инсталација, скоро 9 милиони денари, средства од ТАВ се инвестираат во изградба на патен правец до село Драгоманце, реализирани се и проекти од Програмата за рамномерен регионален развој, проекти за развој на селата и на специфичните подрачја, со посебни мерки ги поддржуваме младите и земјоделците, подвлече Лукаревска. бак/бк/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан