• петок, 22 ноември 2024

Лукаревска од Прилеп: Им се поклонуваме на хероите, ни оставиле здрав темел, наше е да изградиме најубава куќа, дом за сите

Лукаревска од Прилеп: Им се поклонуваме на хероите, ни оставиле здрав темел, наше е да изградиме најубава куќа, дом за сите
Прилеп, 9 октомври 2021 (МИА) - Одиме на сигурна победа зашто Прилеп е победнички, град на херои, на прогресивни луѓе. Пред четири години покажавме кој е најдобар, сега повторно ќе ја потвдиме победата со Најдоброто за Прилеп, зашто Прилеп сака да оди напред, да ја живее слободата со полни гради, Прилеп е непокор, нема да дозволиме повторно да ни ја заробат државата и иднината, изјави денеска во Прилеп заменик-претседателката на Социјалдемократскиот сојуз, Сања Лукаревска.
-Во пресрет на големиот празник 11 Октомври, овде во Прилеп им се поклонуваме на хероите, на борците за слобода, кои пред 80 години знаеја да ја одберат вистинската страна. Благодарение на нив, сега сме горди наследници на придобивките од антифашистичката борба за слобода, за мир, за социјална правда и еднаквост, порача таа.
Додаде дека имаме со што да се гордееме на минатото, ни оставиле здрав темел.
-Наше е да изградиме најубава куќа, дом за сите. Ова е време на нови победи преку градење на мостови на пријателство и соработка надвор и подобар, попросперитетен живот за граѓаните дома. Од изолирана и заробена држава станавме земја членка на НАТО. Од сеење на страв и магла,  стигнавме да бидеме рангирани како најтранспарентни во регионот. Од ширење омраза кон соседите, сега имаме регионална соработка за пример, каква што не се памети на овие простори. Изградивме нов имиџ по кој не препознаваат. И се тоа за четири години. Тоа се може само со многу работа. Со искрена посветеност од корен да ги менуваш работите, зашто знаевме дека поинаку нема да може, истакна Лукаревска.
Таа истакна дека продолжуваат понатаму, бидејќи прилепчани сакаат развој, модерен и уреден град.
-Семејниот парк, новите простори за паркирање, енергетска ефикасност на објектите за домување, хуман, зелен урбан развој, е одговор на приоритетите на жителите на Прилеп. Докажавме дека можеме најдобро, го имаме Најдоброто за Прилеп, кандидатот за градоначалник Горан Сугаревски и советничката листа на Социјалдемократскиот сојуз и коалцијата предводена од Моника Грашеска Илиеска, изјави потретседателката на СДСМ. ац/

Остани поврзан