• понеделник, 23 декември 2024

Лукаревска: Нема еднаквост во општеството ако немаме родова еднаквост 

Лукаревска: Нема еднаквост во општеството ако немаме родова еднаквост 
Скопје, 19 јули 2021 Вечерва, заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска учествуваше на граѓанска трибина организирана од Форумот на жени на СДСМ  Куманово, на тема предизвиците на жена претприемач. Откако СДСМ е на власт се забележува сериозен ангажман и резултати на полето на родовата еднаквост. Не можеме да имаме еднаквост во општеството ако немаме родова еднаквост, порача заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска. Ние како СДСМ, додаде Лукаревска, како одговорна и државотворна партија која го воведе и негува концептот на 50-50 на изборните листи кој носи позитивни резултати, веруваме во еднаквоста на мажите и жените. Преку спроведените реформи преку проектите за поддршка на жените претприемачки и жените земјоделки, успеавме да ја мотивираме жената да биде дел од претприемачкиот свет да биде дел од механизмите кои го градат општеството. И нема да застанеме тука, заради одговорноста на СДСМ се повеќе жени се охрабрени, тоа е наша гордост. Како заменик претседателка на најголемата партија ќе се борам да се слушне гласот на жената, ќе се борам да имаме што повеќе кандидатки за градоначалници, што повеќе носителки на листите за советници, затоа што само така ќе продолжи процесот на промени кон целосна еднаквост, заклучи Лукаревска. СДСМ ___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан