• недела, 25 август 2024

Лукаку ќе добива осум милиони евра годишно и бонуси во Наполи

Лукаку ќе добива осум милиони евра годишно и бонуси во Наполи

Неапол, 24 август 2024 (МИА) - Ромелу Лукаку во Наполи ќе заработува осум милиони евра годишно.

Според инсајдерот Џанлука Ди Марцио, покрај фиксната сума, договорот на Белгиецот предвидува и бонус дел, чии детали не се откриваат. Периодот на договорот ќе биде 3 години.

Претходно се дозна дека Челзи се согласил да го продаде 31-годишниот напаѓач на Наполи за 30 милиони евра. Уште 15 милиони се предвидени како бонуси.

Минатата сезона Лукаку играше за Рома на позајмица. Одигра 47 натпревари, постигна 21 гол и даде четири асистенции. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан