• сабота, 29 јуни 2024

Лукаку има намера да ја заврши кариерата во Андерлехт

Лукаку има намера да ја заврши кариерата во Андерлехт
Милано, 15 јануари 2021 (МИА) - Напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку го именуваше клубот каде планира да ја заврши кариерата. - Секогаш велев дека ќе ја завршам кариерата во мојот клуб - Андерлехт. И во исто време, јас нема да играм колку да се рече дека играм, туку ќе бидам во најдобра можна форма, изјави Лукаку за „Laatstae Nieuws“. Договорот на 27-годишниот Белгиец со Интер важи до јуни 2024 година. Претходно, Лукаку беше прогласен за најдобар играч во Белгија минатата година кој настапува во странство. зс/

Остани поврзан